ОУТУ Ванчо Питошески

ОУТУ Ванчо Питошески

среда, 1 декември 2010

Зошто нашето училиште би било Ваш избор?

  • Туризмот е приоритетна стопанска гранка во развојот на општината и поширокиот регион.
  • Учениците стручно се оспособуваат успешно да се вклучат во угостителско-туристичката дејност.
  • Можност за вработување и отворање на сопствени бизниси.
  • Теоријата се преточува во пракса.
  • Има разбирање, толеранција и другарство.
  • Учество на многу републички и меѓународни натпревари.
  • Остварува резултати кои обврзуваат и поттикнуваат.
  • Има најубава локација во градот.

                                                         НИЕ ПОСТОИМЕ ЗА ВАС!

Награди и Признанија

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ освоија голем број награди и признанија во рамки на Меѓународниот натпревар на средните угостителско – туристички училишта од БиХ, Црна Гора и Македонија.

Во категоријата презентација на туристичка дестинација, ученикот Милчо Кироски освои златен медал. Во категоријата Припремање на барски мешавини (коктели) ученикот Димитар Чадоски освои сребрен медал. Сребрените медали отидоа во рацете на Ариф Камбароски  за аранжирање на изложбена маса и Александра Пероска во категоријата солени експонати. За слатките експонати Марија Ушкор освои бронзен медал.

На меѓународниот натпревар учетвуваа ученици од 16 средни училишта. Од Република Македонија свое учество имаа четири средни угостителски училишта од Скопје, Гевгелија, Штип и Охрид.